Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakajka28.06.2013 Малолетник без возачка дозвола, предизвика сообраќајка пред влезот на Кочани и заврши со потешки телесни повреди. Несреќата се случила рано утринава, 20 минути по полноќ.

Во критичниот момент според информациите на полицијата, кај местото Тркански мост, од засега неутврдени причини возачот на автомобилот марка “фолксваген - поло“, 17-годишниот Д.В. од село Врбица изгубил контрола на возилото и  директно удрил во автомобил марка “БМВ“ со бугарски регистарски таблички, управуван од 27-годишниот Ж.П од село Бања.

Малолетниот возач се здобил со тешки телесни повреди и итно, од кочанската болница, е транспортиран во Скопје, а неговата сопатничка, една година помладата сестра Б.В. се здобила со лесни телесни повреди, како и возачот на другото возило.

Канал 8 беше на местото на несреќата каде се уште беа видливи трагите од кочење, крв и делови од оштетените автомобили.

На местото на несреќата увид извршија истражни органи. Истрагата за сообраќајката е во тек.

Ова не е прва несреќа кај Тркански мост, локација што е позната како црна сообраќајна точка. Дел од нив завршувале со помали последици, но дел и фатално.

И покрај апелите од полицијата и законските казни за управување на возило без возачка дозвола, оваа пракса и понатаму продолжува, особено кога се во прашање малолетниците.

Г. Лалов

Сподели

soobrakajka2soobrakajka3soobrakajka4soobrakajka5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 107 гости и нема членови


web counter



qr code