Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Sverc-207.03.2014  Во акцијата што ја спроведе МВР за спречување на организираниот нелегален увоз на текстилна стока е откриено дека поголем број парчиња од гардеробата се продавале и во дуќани во Виница и Штип.

Стоката била шверцувана од Грција и Бугарија, а во нелегалниот бизнис биле вклучени 7 цариници.

Сите тие се уапсени, а слични мерки се преземнеи и против 6 други лица кои биле вклучени во криумчарењето на облеката.

- Освен 13-те лица кои до сега се лишени од слобода, запленети се и осум возила кои што биле употребувани за извршување на кривичните дела. Отпочната е и втората фаза од акцијата.

Во тек се мерки и активности што се преземаат во координација со УЈП и Пазарната инспекција во поголем број објекти во кои се продавала криумчарената текстилна стока, на повеќе локации во земјата, како бутици во Струмица, Скопје, Прилеп, Куманово, Василево, Виница, Тетово и Штип, рече Иво Котевски, портпарол на МВР.

Котевски најави дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што контрола ќе се направи и за сопственците на бутиците, за да се види дали и колку тие биле вклучени во шверцот.

- За сега документирани се сознанија и кривични пријави процесуирани се против 13 лица, веќе кажав дека во тек се проверки и контроли во повеќе бутици низ целата земја, така што доколку произлезат индиции за инволвираност и на други лица во акцијата, односно во оперативната обработка што ја водеше Министерството за внатрешни работи и против нив ќе следуваат соодветни пријави, додаде Котевски.

Од МВР не излегоа со конкретна сума со која е оштетен Буџетот на државата поради неплатените царини и други давачки. Тоа дополнително ќе се утврдува и ќе биде познатао откако целата акција ќе биде завршена.

Шверцот со текстилна стока го работела група која подолг период била вклучена организираниот нелегален бизнис, а МВР акцијата ја започнало уште пред неколку месеци.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 207 гости и нема членови


web counter



qr code