Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dimitrij01.07.2013  Осуммина  сведоци беа сослушани на второто рочиште од судскиот претрес во случајот со десетгодишниот Димитриј Ампов од Кочани, кој пред околу две години почина кај детската градинка во населбата Усова чешма.

За трагичниот настан Јавното обвинителство поведе кривична постапка против фирмите ЕВН – Македонија и ДООЕЛ “Филаделфија“ од Кочани, како и нивните одговорни лица.

Обвинителството по службена должност ги товари сите дека се одговорни за смртта на малолетниот Ампов, кој играјќи си во дворот на градинката беше пронајден мртов на шилците од металната ограда.

Иако по првичната истрага беше речено дека смртта настапила како последица од падот на оградата и повредите во пределот на градите и срцето, подоцнежната обдукција покажа дека детето претходно доживеало струен удар. Со оглед што во непосредна близина имало кабел за електрична енергија и техничка опрема, како одговорни за смртниот случај се осомничени двете претпријатија и нивните раководители.

На  второто судско рочиште, во улога на сведоци се појавија вработени во фирмите кои изведувале технички работи на инсталацијата во непосредна близина на градинката, како и лица кои веднаш по настанот забележале дека низ металната ограда протекува  струја.

Претходно, на почетокот од јуни кога се одржа првото рочиште, кога беа сослушани обвинетите во случајот, како и родителите на малолетниот Димитриј, во улога  на оштетена страна.

Главниот претрес ќе продолжи во средината на септември кога пред Судот треба да се појават уште четворица сведоци и две лица во улога на вештаци.

Т. Ајтовски

Сподели

dimitrij2obvinitelstvo sud

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code