Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nikola-mantov20.03.2014 „Никола Мантов“ започна да се реновира. Подоцна од предвиденото, но навремено доколку градежните работи забрзаат.

Реновирањето на стадионот „Никола Мантов“ ќе опфати реконструкција на гардеробите и подготовка на теренот за напролет да угости две големи репрезентации во женски фудбал.

Градскиот стадион ќе се реновира во следните неколку месеци. Просторот под трибините досега беше во лоша состојба, со оштетен инвентар и дотраени реквизити.

Со исполнувањето на меѓународни стандарди стадионот „Никола Мантов“ ќе може да аплицира за организирање на важни фудбалски натпревари.

Со тоа плановите во месец април беа за првпат после 20 години од осамостојувањето да се организира меѓународен натпревар против репрезентацијата на Шпанија, а исто така на 8 мај со репрезентацијата на Италија, но последните информации говорат дека овие две селекции ќе гостуваат на националната арена „Филип Втори“.

Санациони активности на стадионот не се преземени уште од раните деведесетти години кога беше изградена северната трибина. Стадионот во Кочани досега беше домаќин на три натпревари на машката фудбалска репрезентација до 21 година против Данска, Кипар и Турција, сите во рамки на квалификациски циклуси за Европско првенство.

Плановите се квалификации за лига на шампиони, но дотогаш треба „Кочани“ или евентуално „Иднина С“ да ја освојат шампионската титула.

Г.Лалов

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

nikola-mantov3

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 732 гости и нема членови


web counter



qr code