Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rotari01.07.2013 На меѓународната организација “Rotary international”, основана на почетокот на претходниот век, како рамноправен член се приклучи и домаќинот на прославата, Ротари клубот од Кочани.

„Rotary international“ е прва светска клупска организација, со повеќе од 1.2 милиони членови во 34.000 клубови распространети во повеќе од 200 земји и географски региони. Клубовите се неполитички, нерелигиозни и отворени за сите култури, раси и вероисповеди. Членовите на ротари клубовите се волонтери кои работаат за добробит на човештвото.     Ротари е организација на успешни професионалци. Градењето на тимови, собирање на средства, јавни настапи, планирање, организација и комуникација се само некои од лидерските карактеристики кои членовите на клубот можат да ги практицираат и усовршуваат.

Да се биде лидер во Ротари значи искуство во мотивирањето, инспирирањето и водењето на другите.

Поведени од желбата за давање на свој придонес за подобрување на квалитетот на животот на својата заедница, 25 ентузијасти, докажани во своите професии, одлучија и го основаа Ротари клубот Кочани.

Во отсуство на кочанскиот градоначалник пред присутните зборуваше претседателот на Советот на Општина Кочани Иван Иванов и градоначалникот на Општина Виница Емил Дончев како и претседателот на новоформираниот Ротари Клуб Кочани Зоран Тодоров.

-Честа да се биде основачки претседател ми припадна мене. Тоа е чест но и одговорност заради целите и задачите кои се зацртани во иднина. Се надевам дека ќе ги оствариме не само ние како членови туку како локална заедница и ќе го подобриме светот околу нас. Ротари клубот Кочани брои 25 члена од кои 17 се од Кочани и 8 се од Виница. Да се биде член на Ротари треба да се биде лидер во својата област и треба да се има желба да се занимава со волонтерска работа за подобро општество, истакна Зоран Тодоров, претседател на „Ротари клуб“ Кочани.

-Мојата природа и природата на мојата работа е тесно поврзана со донации и учество во хуманитарни акции што ги подржуваме на територија на Источна Македонија. Сега ќе имаме големи проекти од кои се надеваме дека ќе добиеме на светски и европски рамки и ќе ги имплементираме во Македонија и во Општина Кочани и Виница, истакна Билјана Митева, член на „Ротари клуб“ Кочани.

-Ќе продолжиме со темпото кое се надевам првиот претседател ќе го наметне и ќе го унапредуваме понатаму. Јас сакам да напоменам дека во мојата работа освен економската компонента која се бележи со раст на приходи и вработувања, имаме голема социјална компонента која ја имплементираме преку развој на проекти во екологијата , во социјалната одговорност, помагање во спортот и образованието, религијата и во општото живеење на сите граѓани, рече Глигор Цветанов, иден претседател на „Ротари клуб“ Кочани.

Пред присутните зборуваше Огнен Фирфов - Специјален претставник на Гувернерот за формирање на Ротари клубот Кочани како и Претседателот на сојузот на Ротари Клубови на Македонија, Раде Христовски и Специјалниот претставник на Претседателот на Ротари Г-динот Антони Хилшер кој го предаде сертификатот за основање на Ротари клубот Кочани.

-Сакам да споменам дека Ротари е здружение на деловните и професионалните луѓе . Преку него тие не треба да се докажуваат дека се моќни и влијателни, туку да ја покажат својата хуманост преку донирање средства , како и да помагаат за општо добро на луѓето и со своите врски тајно да влијаат врз јавниот живот, рече Антони Хилшер, специјален претставник на претседателот на Ротари клубот.

Специјалниот претставник на Гувернерот Огнен Фирфов ја предаде претседателската лента со беџ на ротари и ѕвоното со чие отчукување официјално започна да функционира клубот во Кочани. Церемонијата продолжи со претставување на членовите на Ротари клубот Кочани и свеченото доделување на ротаријанските значки, симболот на препознавање на Ротаријанците низ целиот свет. Беше организирана и изложба на уметнички дела на реномирани македонски автори што беа на лицитација. Со купување на тие производи присутните донираа средства кои ќе бидат употребени за подобрување на условите за пациентите во Кочанската болница.

Т. Велкова

Сподели

rotari2rotari3rotari4rotari5rotari6rotari7rotari8rotari9rotari10

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code