Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

potporen zid26.03.2014  Дворот на семејството Карови што се наоѓа на улицата “Јане Сандански“ во Кочани е затрупан со земја и камења од потпорен ѕид што се срушил по големите дождови пред една година. Со свои сили тие се обиделе да ја санираат состојбата, но последиците од паѓањето на ѕидот се уште се видливи.

Ѕидот се срушил додека спиеле, па среќа во несреќа, велат, е што во тој момент немало никој во дворот.

Финансиската состојба на Карови не им овозможува со механизација да го отстранат наносот, па помош побарале од Општината.

- Експлозија се случи и материјална штета има голема и никој не ни помага, па се обраќаме до сите кој сака, запознаен е и градоначалникот, ни вети. Седам, чекам, никој не доаѓа, се си е по старо, се е исто. Немаме средства, треба да вложуваме, а каде попрво да се даде, за вода и за струја треба да се даде, секој момент доаѓаат и ни ја исклучуваат струјата, рече Анка Карова.

Карова вели дека од Општината дошле службени лица, ја констатирале состојбата, направиле мерења, но досега ништо не е преземено.

Загриженоста е поголема кај неа поради можноста да падне уште еден потпорен ѕид што се наоѓа на само десетина сантиметри од семејната куќа. Од водата што се слева по него тој е веќе поткопан, а по патот што се наоѓа над него често поминувале возила и тешки камиони, што е потенцијална опасност за нивната безбедност.

- Може да падне и куќата да ни се сруши сосема, па треба да се заштити, додава Карова.

Темелите на високиот потпорен ѕид целосно се гледаат. Доколку не се преземат соодветни мерки ерозијата може да предизвика негово паѓање, а со тоа и соседната улица да се најде во дворот и врз куќата на Карови. Тие очекуваат дека од Општината ќе помогнат да се реши состојбата, за да можат навечер мирно да спијат.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code