28.03.2014 Имињата на носителите на кандидатските листи за парламентарните избори ги објави и Граѓанската опција за Македонија..
Носител на кандидатската листа за изборната единица 3 е Штерјо Николов од Велес, член на републичкото раководство, односно на Извршниот одбор на ГРОМ. Од нашиот регион највисоко на листата котира Лилјана Арсова од Кочани, на петтата позиција, а далеку зад неа на осумнаесеттото место е Крумислав Постолов. Кандидати од Виница и другите две помали општини во регионот партијата не истакна.
Лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски рече во ГРОМ одбрале квалитетни луѓе кои треба да донесат успех, односно со свои претставници да седнат во парламентарните клупи.
Пред неколку дена со носителите и имињата на лицата од кандидатсктите листи излезе и ВМРО-НП. Како што е познато, носител во тројката ќе биде лидертот на партијата Љубчо Георигевски.
Од Општина Кочани на оваа листа има дури четворица кандидати. На третата позиција е Ивана Динова, на 10-та Живко Сенесов, актуелен претседател на Општинскиот комитет, а по него на 14. место е Венцо Наунов и Славица Богатинова на 18. место.
За сега се уште останува непознат составот на кандидатската листа за пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во јавноста се зборува дека дури три позиции би можеле да добијат членови на партијата од Кочани.
T. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}