Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vmro31.03.2014  Само по еден кандидат за пратеник од Кочани и Виница понуди ВМРО-ДПМНЕ за Изборната единица број 3 за претстојните парламентарни избори.

Актуелниот претседател на кочанскиот Општински комитет и претседател на Советот на Општина Кочани, Иван Иванов се најде на 11-то место. Шест места погоре, на 5-та позиција е директоркатана музејот од Виница, Магдалена Манаскова.

Други имиња на кандидатската листа од кочанскиот микрорегион не се среќаваат, што споредено со досегашните парламентарни избори е по малку невообичаено. Од Штип, на пример, има дури тројца кандидати од кои за двајца се смета дека сигурно ќе влезат во новиот парламентарен состав.

Нема официјален партиски коментар зошто од Кочани не е понуден уште еден кандидат, со оглед што таква беше вообиачената практика до сега. За влез во последниот состав на Парламентот, партијата понуди двајца кандидати, од кои едното место беше добитно.

Прилично необично е и тоа што Иванов ја предводи втората половина од листата, иако барем до сега Општинскиот комитет од Кочани редовно имал кандидат и во нејзиниот горен дел. За волја на вистината, позицијата на која се наоѓа тој е за три емста пониско од претходните парламентарни избори, кога во пратеничките клупи седна Бети Кузмановска. Уште подобра беше состојбата на претходните изборни кога и по двајца кандидати што ги нудеше ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани стануваа пратеници.

Во владејачката партија се убедени дек аи двете места на кои се позиционирани кочанскиот и виничкиот кандидат се добитни. Можно било да се добие уште некое пратеничко место подолу, со оглед на практиката некој од идните пратеници да добие министерско или друго раководно место.

Сигурноста дека Кочани нема да остане без пратеник од оваа партија се образложува со фактот што во Изборната единица број 3 ВМРО-ДПМНЕ досега добивало и најмногу пратеници.

 Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code