Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policija logo108.04.2014  Полициската станица - Радовиш поднесе кривична пријава против правното лице „Томи-Мит Јака Тобако“ од Радовиш, за сторено кривично дело „измама“, како и против 62-годишниот С.М. од Скопје, сопственик и управител на правното лице, за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против 52-годишната К.Т. од Кочани, вработена во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во периодот од 9 до 21 јануари годинава, С.М. во својство на откупувач довел во заблуда дека ќе откупи 975.870 килограми тутун и склучил договори со 2.024 тутунопроизводители од општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево и Штип.

При тоа тој откупил само 310.000 килограми тутун во вредност од над 49.833.000 денари кои не ги исплатил во договорениот рок согласно обврските.

Иако правното лице не ги исполнувало условите и имало забрана за вршење на откуп на тутун, пријавената К.Т. пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување, врз основа на Записник од инспекциски надзор ја повлекла забраната за откуп, со што му овозможила да се стекне со значителна имотна корист.

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 161 гости и нема членови


web counter



qr code