Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Spancevo 209.04.2014  37-годишниот Драган Минов од Спанчево настрада од удар со секира што му го задал неговиот 59-годишен татко Душан.

Синоќа, околу 22 часот тие имале кратка расправија по што синот се подготвувал да спие. Половина час подоцна во собата се вратил неговиот татко и со секирата што ја имал кај себе му нанел смртоносни повреди. Мајката која се наоѓала во соседната куќарка не претпоставувала што се случило.

Мислејќи дека домашните веќе спијат, дури изутрината околу 7 часот го забележала безживотното тело на својот син. Соседите исто така не слушнале ништо, а во шок не сакаа да коментираат за настанот, тврдејќи дека Минови биле мирна фамилија.

- Меѓу нив немале ништо лошо, секогаш кога ќе дојдев кај нив немаше кавга да се слушне, никако, ништо лошо да се прозбори, контра ништо немало, рече сосетка на Минови.

Изутрината таткото сам ја известил полицијата по што службени лица од крим-техника извршиле увид на местото на настанот.

- Поради постоење на основи за сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство, лишен е од слобода Д.М. Од село Спанчево, општина Чешиново-Облешево, против кој по целосно раслистување на кривично правниот настан ќе биде поднесена кривична пријава, рече Гордана Панајотова, портпарол СВР Штип.

Во текот на денот полицијата прибираше докази за настанот, а телото на убиениот е предадено на обдукција.

За два ипол месеци ова е второ грозоморно убиство во Спанчево. Претходно во расправија, по удар со метална клешта почина 26-годишниот Даниел Костов.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code