11.04.2014 Учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци убаво се изнасмеаја и пошегуваа со најпознатиот раскажувач на вицови и успешен имитатот Војче Китаноски.
Пред нив беше претставена преубавата претстава за деца „Хумористичен час“.
-Чест ми е што денеска сум помеѓу учениците од ОУ „Синиша Стоилов“ во Општина Зрновци. Ја прикажавме една од нај убавите, нај веселите, нај музичките и нај хумористичните претстави за деца „Хумористичен час“. Претставата содржи детски шеги од училишните клупи, смешни прашања и уште посмешни одговори, таинствени приказни, кукли, марионети и неколку детски наградни игри преку кои докажуваме дека децата секогаш сакаат да си играат, рече хумористот Војче Китаноски.
Китаноски е чест гостин во Кочани и Зрновци и знае до солзи да ги насмее учениците. Неговото едночасовно шоу засекогаш останува во нивно сеќавање.
Инаку, шоуменот и хуморист Војче Китаноски неофицијално го држи Гинисовиот рекорд со над 20.000 вицови што ги знае напамет. Веќе триесет години овој шегобиец ги засмева не само децата туку и возрасните, но понекогаш ги тера и малку да се подзамислат со пораките што им ги пренесува. Освен на голем број манифестации низ целата земја и во странство, Китаноски доги години ја извршува и својата благородна мисија да ги радува децата во предучилишните и училишните установи во републикава, кажувајќи им ги своите вицови за деца и разни интересни шеги. Тој е препознатлив токму по своите имитации и по тоа што по секоја трета реченица задолжително кажува по еден виц.
Со своите вицови и имитации гостувал во повеќе од 20 земји и заклучил дека хуморот е универзален јазик во целиот свет што сите го разбираат.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}