Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ruen115.04.2014  Компанија од Кочани се јавила како единствен понудувач на електронската аукција за продажба на имотот на фабриката “Руен ИТ“. Министерот Владимир Пешевски на прес конференција информираше дека за стечајниот имот била понудена сума од 1,5 милион евра, што била и највисока и најприфатлива понуда.

Името на заинтерсираниот купувач се уште официјално не се соопштува поради одредени формалности и консултации со судот.

Сепак, во текот на денот во јавноста можеше да се слушне дека се работи за позната фирма што се занимава со металопреработувачка дејност.

Во кратката телефонска информација што Канал 8 ја доби од стечјниот управник Велин Митевски, тој рече дека за 30 април е закажана седница на Собранието на доверители на “Руен ИТ“ на која ќе треба да се реши дали понудата на кочанскиот понудувач ќе биде прифатена.

Продажбата на кочанската фабрика претходно беше прилагодена според најновите измени во Законот за стечај, односно имотот се продаваше со електронско јавно наддавање, без почетна цена. Електронската аукција што се одржала во Скопје била од затворен карактер, односнио на неа не можеле да присуствуваат претставникот на поранешните вработени во “Руен“, како и прретседателот на гранскиот синдикат Пеце Ристески.

Позитивните сигнали дека фабриката што беше во стечај конечно ќе проработи доаѓаат цела една година по донесувањето на одлуката за нејзина продажба.

Иако се уште е рано да се добијат црвсти потврди, сепак има извеси сознанија дека производниот процес би можел да продолжи со користење на сегашната опрема што остана во објектите на “Руен“.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 212 гости и нема членови


web counter



qr code