Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Poplava-Tavan-116.04.2014  Отпадоци од лупени компири фрлени во канализациона цевка во Трговскиот центар доведоа до затнување на одводот и излевање на отпадната вода. Несовесниот однос на станарите е причина што е предизвикана материјална штета.

Во тоалетната школка на еден од погорните станови биле фрлени остатоците од компирите по што дошло до затнување и пукање на цевката. Од водата што во текот на вечерните часови истекувала над угостителскиот објект “Гинис“ паднал дел од таванот. Исто така, отпадната вода се излеала и по подот на објектот, но за среќа нема оштетувања кај инвентарот и електронската опрема.

Претпладнето сопствениците на објектот и екипа од КЈП “Водовод“ работеа на отстранување на дефектот и санирање на последиците.

- Работиме на отстранување на дефектот за да не дојде до поголема штета кај другите станови. Апелираме до граѓаните малку да внимаваат што се фрла во одводот. Штета имаат подолните станови, па апелираме до сите граѓани кои живеат во згради и општо насекаде да внимаваат. Често имаме затнување по станови, по градската канализација, најмногу од влажни марамчиња, рече Благој Стефанов, вработен во КЈП “Водовод“.

Директната штета што ја предизвика пукнатата цевка над објектот “Гинис“ се уште се проценува. Сопствениците рекоа дека таа дополнително ќе порасне поради неговото неработење додека да се санира оштетувањето.

Без поголеми оштетувања поминаа дел од становите што се наоѓаат на пониските катови во Трговскиот центар, а според вработените во “Водовод“ оваа не е прва интервенција на чистење на канализационите цевки од фрлени несоодветни отпадоци.

Увид во состојбата со оштетувањето извршија и од Одделението за комунални работи на Општината, од каде исто така упатија апел до граѓаните да не ги користат канализационите цевки за исфрлање комунален и друг отпад.

T. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 144 гости и нема членови


web counter



qr code