Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

avtopat gradba17.04.2014  Стартуваа градежните работи на автопатот што ќе ги поврзува Скопје и Штип преку Свети Николе. Градежната механизација веќе го расчистува теренот на дел од локацијата каде што ќе поминува новата коловозна лента.

Претходно целосно беа завршени експропријацијата на земјиштето и исплатата на надоместокот на сопствениците, на кои им е оставена можноста да го расчистат теренот ако претходно на него имале објекти.

На почетокот на работите на новата сообраќајница присуствуваа претставниците на изведувачот и градоначалникот на Свети Николе.

- Овде изведувач ќе биде компанијата “Синохидро“ од Кина која ќе ја прави оваа делница од околу 10 километри. Во моментот се наоѓаме на локацијата Кантонче каде што започна изградбатa. Се надеваме дека за три години овде ќе имаме модерен, убав автопат што ќе не поврзува на само 15 минути од Скопје и ќе биде на општо задоволство на граѓаните, рече Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе.

Од кинеската компанија која ќе работи на изградбата на автопатот се задоволни од досегашната соработка со месното население и поддршката што ја имаат од општините од регионот. Исто така, се уште има можност за вработување градежни работници кои ќе бидат ангажирани преку “Синохидро“.

- За сите оние кои што не аплицирале, огласот е во тек, нека аплицираат, има многу позиции, многу работни места кои што се отвораат. Аплцирањето е во Агенцијата за вработување и со самото тоа на интервјуто ќе се стекнат со можност во наредните 3-4 години да рбаотат на овој проект, и нормално да обезбедат егзистенција, рече Хуанг Куен, претставник на “Синохидро“.

Според најавите, изградбата на автопатот Штип - Миладиновци, како и новата авопатска делница од Кичево до Охрид е планирано да обезбедат 1000 нови работни места.

T. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code