23.04.2014 Полициските службеници кои биле дежурни во вторникот попладне во Полициската станица во Виница биле изненадени кога во објектот влегол нивен сограѓанин и се однесувал агресивно, при што нападнал и нивен колега.
Инцидентот се случил околу 16,45 часот кога 39-годишниот Г.Н. од Виница неповикан дошол во Полициската станица. Без никаков повод и без причина тој влегол во службената канцеларија и нападнал еден полициски службеник. Притоа, го фатил за униформата и почнал да го влече кон себе, упатувајќи му закани.
Во меѓувреме, реагирале и колегите на нападнатиот полицаец, па Г.Н. бил спречен во намерата да направи поголем инцидент.
Откако бил совладан над него било изврешено алкотестирање, при што е констатирано присуство на алкохол во крвта. Од Полицијата потврдуваат дека против насилникот виничанец се преземени соодветни законски мерки, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}