Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Daniel Spancevo124.04.2014  Скоро три месеци по инцидентот во Спанчево кога по удар со метална клешта почина 26-годишниот Даниел Костов, се уште не започнало судско рочиште против лицето кое е одговорно за неговата смрт.

Семејството на починатиот добило информации од роднини и пријатели дека обвинетиот за убиството бил пуштен од притвор и е забележан како слободно се шета низ селото. Костови реагираат што судската постапка се одвивала бавно, па одговор побарале и во Основниот суд во Кочани.

- Отидовме кај една судијка која го водела делото, ни рече дека ќе било на петти судењето, па дека можеби ќе се одложело, ова-она. Ние сме незадоволни зошто кога погребот беше на 31 јануари, веќе три месеци поминаа, а уште не сме излезени на судење, зошто толку се одолговлекува работата, зошто толку се чека во судството, рече Благојчо Костов, брат на починатиот.

Костов се сомнева оти некој го штити лицето кое го убило неговиот брат, иако против него има основано сомнение дека сторило кривично дело за нанесување тешки телесни повреди со смртни последиици.

Во судот во Кочани семејството побарало одговор од судијката што ја води постапката зошто осомниченото лице е ослободено од притвор.

- Ние прашавме зошто тој е на слобода и кој ја донел таа одлука. Таа рече дека била судијка, а не ние, па прашав кој дозволи на 17-ти, кога е носен на распит од Прилеп, во Облешево да застанува и да се поздравува со неговите, а таа рече – јас, рече Бранка Костова, мајка на починатиот

- Сакам да кажам дека не треба да го гледаме ние тука, да го осудат на доживотен затвор, да не го гледаме воопшто дека е во Спанчево, рече Благој Костов, брат на починатиот.

Настанот во кој почина 26-годишниот Даниел од Спанчево се случил кон крајот на јануари по банална кавга меѓу него и 40-годишниот Г.Н. од истото село. Момчето добило удар со метални клешти во пределот на главата и тешка телесна повреда поради која бил испратен на лекување во Клиничката болница во Скопје. Два дена по настанот неговата здравствена состојба се влошила и тој починал.

T. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 169 гости и нема членови


web counter



qr code