Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Press-VMRO-125.04.2014  Единственото што го знае опозицијата е да критикува и да обвинува, иако граѓаните на Кочани добро знаат кој ги распродаде кочанските фирми и остави стечајци без егзистенција. Сега истите граѓани ги злоупиотребуваат и ги користат за нивни цели, рече градоначалникот Ратко Димитровски на прес конференцијата што се одржа во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.

- Па затоа нека кажат тие од некогашниот бастион на СДСМ што направија за 19 години владеење. Нека каже и Миле Андонов кој е производ на тогашното владеење, кој привилегиранот трипати оди на избори и ги губи, како во СДСМ да нема други способни политичари. Нека наброи тој колку улици асфалтирале за две децении. Кој пат го направи, дури дозволи неговите лидери да ја изнесат пругата од Кочани во Крива Папанка.

Тој и сега не знае каде е местото на кое ќе ја градиме браната Речани, а за Пониква и браната Гратче ги знае само дивоизградените негови викендици, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

На пресот Димитровски се осврна на дел од реализираните проекти на локално ниво, потенцирајќи го асфалтирањето на повеќе патни прави и улици во општината, реализирање на инфраструктурни и комунални проекти.

- Не им дозволувајте да ве излажат дека младите се иселиле поради оваа власт. Миграцијата на работната сила е светски процес, не само македонски и не само кочански. Не дозволувајте да ве измамат ни со непризнавањето на името, ниту со влезот во ЕУ и НАТО. Тие се само очајни и гладни за власт бидејќи без неа се немоќни за да си ги одработат личните задоволства. Граѓаните на Кочани одамна ги имаат заборавено градоначалниците и пратениците на СДСМ кои беа до сега затоа што не направија ништо по што би заслужиле да ги запаметат или да ги спомнуваат. На крај, поради сето тоа што ние го направивме во изминатите години за нашиот град, за селата, за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата “За подобра Македониај“ бара од вас сите граѓани на општина Кочани, на 27-ми, в недела, масовна излезност на гласање и поддршка на политиките што градат и создаваат, за политиките што ќе го препородат Кочани и Источна Македонија, додаде Димитровски.

На прес конференцијата зборуваше и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Иван Иванов, кој ја побара подрршката за кадндидатската листа на неговата партија во ИЕ 3, како и за кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов.

- Се обраќам посебно на оние кои не излегле да гласаат - излезете и гласајте. Гласајте за победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на тој начин гласате и за себе. Се обраќам и на оние граѓани кои гласале за СДСМ - почитувани, на СДСМ не му е важно дали ќе освои 35, 30 или 32 пратеници. Меѓутоа, за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е многу важно да освои повеќе од 62 пратеници за заштита на македонските национални и економски интереси. На тој начин и вие гласате за 2046 проекти од кои голем дел ќе се реализират во источна Македонија доколку ја добиеме вашата поддршка. Им се обраќам на неопределените, бидете дел од победничкиот тим, рече Иван Иванов, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code