Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

trgovija so luge29.04.2014  Илегалната миграција, односно трговијата со луѓе не е проблем само на Република Македонија, туку е светски проблем и секоја држава треба активно да се вклучи за борбата против таквата трговија да биде успешна. За нашата држава овој проблем е посебно изразен, поради што последните години од земјите на ЕУ често беа испраќани критики дека активностите против трговијата со луѓе и против нелегалниот престој треба да се интензивираат.

Тоа беше главна причина што на ниво на Македонија е формирана Национална комисиjа за борба против трговија со луѓе, а таа отвора и свои регионални комисии во Тетово, Битола и Штип.

Штипската комисија ќе биде надлежна за целиот источен регион, каде во последните години биле забележани поголем број случаи на нелегален влез и пренос на луѓе од други држави кои нашата територија ја користат за транзитирање кон земјите на ЕУ.

- Секако ќе реализираме активности што ќе следат во наредниот период,ќе има обуки што ќе бидат реализирани за сите членови на оваа комисија и сметаме дека со тоа ќе се подобрат капацитетите на сите институции. Секако, и досега ние покажавме дека имаме одлична соработка со овие општински институции, вклучувајќи ги Центарот за внатрешни работи, МВР, Агенцијата за вработување и други институции, а во догледен период тоа уште повеќе ќе го зајакнеме со цел да се делува превентивно за на територијата на општина Штип да ги спречиме секаквите појави во однос на појава на илегалната трговија со луѓе и илегалните миграции, рече Снежана Санева, координатор на Регионалната комисија за борба против трговија со луѓе.

Санева потврди дека Комисијата ќе има регионален карактер, односно освен за Штип ќе биде надлежна и за територијата на соседните општини.

- Ние сме главно центар на источниот дел на Македонија така што формирањето на оваа комисија ќе значи дејствување и во останатите градови, значи сите овие членови во неа ќе можат да ги реализираат активностите и во останатите места, додава Санева.

Во состав на регионалната комисија за борба против трговијата со луѓе влегуваат 12 членови со различна структура на дејностите во кои се ангажирани, што би требало да помогне во нејзиното поуспешно функционирање. Нелегалниот пренос на луѓе од други држави, но и илегалниот влез на наши граѓани, пред се во земјите членки на ЕУ беше една од главните забелешки што се упатуваа до македонските власти.

Со поддршна на мисијата на ОБСЕ, Националната комисија организиора обуки со цел за успешна децентрализација на нејзината работа, како и за изработка на Локални акциски планови за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 137 гости и нема членови


web counter



qr code