30.04.2014 Наместо на познатото светилиште во Горно Гратче овогодишниот собор „Мактеон“ ќе се одржи на Дабот кај село Бели, најавуваат организаторите.
Локацијата се менува заради временските услови, бидејќи според најавите на метеоролозите за време на викендов се очекува дожд.
-Ве информирам и ве поканувам на „Мактеон“ што годинава ќе се одржи на Дабот кај село Бели. Ја менуваме локацијата поради дождовите што се најавуваат во текот на целата недела и поради тоа што е многу влажно, патиштата не се проодни до светилиштето „Мактеон“. Затоа повелете на Дабот во Бели, таму има струја, вода и покрив над глава заеднички да прославиме се што е македонско, рече Симеон Иванов – Канго, организатор.
Космополитскиот собор „Мактеон“ и годинава се реализира во три дена. Во петокот е планиран рок хепенинг на Летната сцена на Центарот за култура.
Во сабота настап на фолклорни ансамбли, а централното случување на Дабот кај село Бели каде е планирана програма со одржување на спортски игри, аудио – визуелна илустрација, кревање на македонското знаме и обраќање и рецитал на кумот и гостите.
Настап ќе имаат културно уметнички друштва од Прилеп, М. Каменица, Кочани, Охрид и Штип.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}