Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

festival05.05.2014  Манифестацијата започна во петокот со фолклорен концерт во Домот на културата во Оризари каде настапија фолклорни друштва од Македонија, Бугарија и Србија. Од Бугарија гостите беа од КУД „Добриништенце“ од Добриниште, мало гратче близу Банско, од Србија КУД „Младост“ од Босилеград.

Оризарци - ФА „Љупчо Сантов“ и кочанци - ФА „Кочани“ се покажаа како добри домаќини, за што гостите не го криеја задоволството од убавиот пречек и гостопримство.

Во саботата манифестацијата продолжи со спортски игри во Оризари, каде играорците се натпреваруваа во влечење јаже, скокање во вреќа, играта јајце во лажичка и други игри преку кои учесниците на фестивалот играа и заеднички се дружеа и забавуваа.

Вечерта фолклорен концерт се одржа во ЦК „Бели Мугри“. Настапија и гостите и домаќините, а на саботниот концерт се придружија и фолклористите од КУД „Јане Сандански“ од Пехчево.

Целта на фестивалот е да се сочуваат народните обичаи песни и ора поврзани со верскиот празник Ѓурѓовден кои традиционално се одржуваат секоја година. На состанок на кој присуствуваа по неколку претставници од сите фолклорни друштва учесници, тие се претставија и кажаа по неколку зборови за себе.

-Најпрво да се заблагодарам на домаќините за нивното гостопримство, организацијата е на високо ниво. Нашето друштво е од Добриниште, Општина Банско. Постои веќе пет години. Имаме играорци од 8 до 60 години. Го работиме нашиот Пирински фолклор, рече Иван Чакалов, раководител на КУД „Добриништенце“ Р. Бугарија.

-Ние сме релативно младо друштво, постоиме само две години. Имаме три групи и работиме со мала и возрасна група. Многу сме задоволни од домаќините и од убавиот пречек, многу убаво поминуваме во Македонија, ќе ве очекуваме и вие да дојдете кај нас, рече Милан Насев, раководител на КУД „Младост“ Р. Србија.

Во неделата во Домот на културата во Оризари се одржа уште еден концерт на народни песни, игри и ора на кој настапија сите гости и домашните ансамбли, на кои им се придружија и пензионерите од Кочани.

За цело време како увертира на концертите беа дефилеата низ градот и населбата Оризари, преку кои граѓаните можеа да уживаат во преубавите носии и играорци кои дефилираа низ градот.

-Јас сум Адриана Андреева, имам 17 години и сум од ФА „Добриништенце“ од Добриниште Р. Бугарија. Танцувам веќе 6 години, а во Македонија си поминавме супер, рече Адриана Андреева, ФА „Добриништенце“ Р. Бугарија.

-Прекрасно е, многу убаво е во Македонија, а затековме и убаво време. Се чувствуваме како да сме дома, многу сме ви благодарни на гостопримството и ве очекуваме и вие да дојдете кај нас, рече Магдалена Балабанова, ФА „Добриништенце, Р. Бугарија.

-Вечерва се претставивме со Шопски и Босилеградски игри. Нашиот состав постои од 2009 година, рече Наташа Џонев, КУД „Младост“ Р. Србија.

-Нашата носија е традиционална и се состои од шамија, фута, појас, кошула и опинци. Во Македонија поминуваме многу убаво, рече Мартина Миланов, КУД „Младост“ Р. Србија.

На крајот од фестивалот домаќините ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари и Месната заедница од Оризари им доделија благодарници за учество и на домашните и на странските ансамбли, со ветување дека ваквите фестивали ќе се одржуваат и понатаму со збогатена програма и проширување на гостите од други држави.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

festival2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code