Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

incident na skopska12.05.2014  Предно странично стакло на возило “фолксваген туарег“ настрадало во неделата по полноќ на улицата “Скопска“ во Кочани. Стаклото било скршено по удар со тврд предмет, по што се распрснало на коловозот и во внатрешноста на автомобилот.

Возилото стоело паркирано на улицата пред семејната куќа на неговиот сопственик Зоран Монев, така што било лесна мета за сторителот на инцидентот.

Очевидци на настанот немало, а сопственикот дури изутрината пред тргнување на работа ја забележал направената штета. Други оштетувања, освен скршеното стакло не се направени, ниту пак се одземени вредни предмети од возилото.

Тоа според Монев, наведува на заклучок дека случајот не е со намера да се изврши провална кражба, туку е поврзан со неодамнешното преземање на летната дискотека и базенот во Кочани, кога по јавниот тендер од пред десетина дена закупувач стана неговата компанија “Моневи“.

Кршењето на стаклото тој го толкува како закана упатена лично кон него од одредена група луѓе. Иако се очекувало дека се надминати непријатните случувања поврзани со работењето на дискотеката и базенот од пред неколку години, негов впечаток е дека сепак таквите игри се уште се актуелни. Монев вели дека инцидентот нема да го поколеба во намерата да ги подобри условите во двата објекта и на посетителите да им овозможи пријатен прeстој со целодневна забава.

Увид на местото на инцидентот направи полициска екипа од крим-техника, а истражната постапка треба да даде одговор кој е сторителот и причините поради кои тој се одлучил на таков потег.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code