Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

grdovci08.07.2013  За да се стигне до трошната куќарка на Љуба Ангелова во Грдовци треба да се помине низ кал и остатоци од фекалии во дворot, излеани од селската канализација.

Иако нејзиниот дом е на сред село, условите што ги има во него, благо речено се мизерни. Старицата се жали дека со години живее во влага и неподносливата смрдеа.

Друштво и прават двете полнолетни деца, кои со нарушеното психичко здравје се принудени да ги трпат и нехуманите услови за живот. Излеаната вода од канализацијата после секој обилен дожд ги поплавува двете скромни собички.

- Канализацијата и целиот измет е овде, многу  смрди, се мачка како масло, низ дворот не можеме да поминеме од двете страни. Лошо мириса, гадно е, преку ноќ се чувствува дома, иако прозорецот и вратата се постојано отворени, така спиеме, смрди, реата си доаѓа, рече Љуба  Ангелова од Грдовци.

По последните врнежи домот на Ангелови повторно се наполнил со вода. Претрпеле голема штета, па морале да ги исфрлат прекривките на подот и дел од покуќнината.

Тројцата живеат со пензија од 6.000 денари, па поради неиздржливата состојба помош побарале од Општината.

- Дојде комисија, рекоа за 250 евра ќе донеаст песок, цемент и усјемал, ама ги нема. А кој ќе ги прави поправките, јас не можам со скршена рака, на 70 години. Не ни стасува ништо, за лекарства нема, а нема ни што да јадеме. Не сум должна ни за струја, ни за вода, државата ни ги дава, јас на државата и ги враќам. Требаше за Кочани да отидам за да се раздолжам, ама од минатата пензија само еден денар сум вратила од Кочани, рече Ангелова.

Покрај влагата, ќерката заболела од астма, па мора да се лекува во Штип. Синот  исто така мора да зема лекарства, но со социјална помош од 1000 денари тоа е невозможно.

Постои опасност и дел од куќата да  се сруши, проблем што не можат сами да го решат.

- На шест илјадите денари сме, бараат да купам ова-она, нема со што, имав детергент, водата  ми го однесе, сега немам пари нов да купам за да си ги исперам децата, тешко, многу тешко е, и затоа велам нека падне куќата да не убие, ајде таму, додава Љуба Ангелова.

Излевањето на отпадната вода од канализацијата не е проблем само за Ангелови, туку и за нивните соседи. Затоа сите заедно бараат канализацијата во селото да се поправи и да се поставт пошироки цевки за да може да ја соберат сета вода кога ќе заврне дожд.

Т. Ајтовски

Сподели

grdovci3grdovci2grdovci4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code