Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gimnazija214.05.2013 На натпреварот по математика под менторство на професор Весна Кушевска ученикот Душан Зашев го освои третото место и обезбеди пласман за учество во Олимпијада.

Борјана Арсова беше пофалена.

-Учествував на републичкиот натпревар по математика и го освоив третото место, а потоа учествував и на Македонската математичка олимпијада и бев пофален. Многу сум задоволен од овој успех, рече Душан Зашев, ученик во СОУ „Љупчо Сантов“.

На регионалниот натпревар по англиски јазик што се одржа во Штип учениците работеа под менторство на професор Светлана Алексиева.

Се вратија со пофалници и со освоено четврто место.

8 ученика ќе учествуваат на државниот натпревар во Спелинг што ќе се одржи на 17 мај во Скопје. Работат под менторство на професорите Весна Стефанова и Лидија Коцева.

-На 3 мај учествував на регионалниот натпревар по англиски јазик и ќе учествуваме на државниот натпревар на 17 мај, рече Ангела Савева, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“.

На регионалниот натпревар по биологија и хемија што се одржа на 10 мај во Штип учествуваа 7 ученика од кои двајца се пласираа за учество на државниот. Стефанија Миленковска и Кристијан Топалов. Работеа под менторство на професорките Весна Данилова и Зора Чурева.

-На регионалниот натпревар по биологија што се одржа во Штип освоивме едно прво место и едно второ место. Учениците работеа доста напорно, но трудот се исплати и продолжуваме на државен натпревар каде очекуваме позитивни резултати, рече Зора Чурева, професор, ментор.

Училишниот кошаркарски тим учествуваше на Гимназијадата која се одржа во Охрид од 08 до 10 мај. Се подготвуваа под менторство на професор Мијалчо Апостолов. Го освоија третото место.

-Многу сум задоволен од успехот на нашите ученици, бидејќи во моментов во нашиот град нема ниту една женска кошаркарска екипа која се натпреварува во некоја од лигите. Девојчињата макотрпно работеа четири месеци и пред се сакам да се заблагодарам на управата на училиштето на директорот и на останатите колеги кои ни овозможија да се подготвиме и да го постигнеме успехот, рече Мијалчо Апостолов, професор, ментор.

Ученичките учествуваа и на регионалниот натпревар во фудбал кој се одржа на 28 април во Велес и го освоија највисокото прво место, под менторство на професор Весна Стојанова.

Тројца ученици ќе учествуваат на Националниот атлетски крос што на 16 мај ќе се одржи во Скопје. Се подготвуваат под менторство на професорот Сашо Постолов.

Ученичката Сара Стојкова под менторство на професор Валентина Симеонова ја освои третата награда на Државниот натпревар по Француска шансона.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

gimnazija

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 133 гости и нема членови


web counter



qr code