Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Soobrakjajka-Avtobus-1.jpg06.02.2013  Автобус на претпријатието “Берово транс“ што превезувал патници од Берово во правец кон Виница, околу 11,30 часот излетал од патот и завршил во каналот покрај коловозот.

Сообраќајката се случила во месноста Липечко поле, во непосредна близина на бензинската пумпа “Елго“ на влезот на Виница. Во неа, освен автобусот учествувало и едно патничко моторно возило. Непрописното излегување на патничкото возило од бензинската пумпа и пресекувањето на патот на автобусот најверојатно била причината за оваа сообраќајна незгода. За среќа во неа нема повредени.

Возачот свртвувајќи десно, успеал да го избегне ударот во патничкото возило, со што спречил потешки последици.

Патниците биле префрлени во друг автобус на истото претпријатие и го продолжиле патувањето.

Веднаш по несреќата на местото пристигна полициска увидна екипа, која работеше на утврдување на причините што довеле до излетувањето на автобусот. За да нема застој во сообраќајот, возилата наизмеменично беа пропуштани по едната коловозна лента.

Од првичниот увид на одговорните во “Берово транс“ се работи за мала материјална штета на нивното возило, кое со механизација беше извлечено од каналот и вратено во седиштето на фирмата.

Т. Ајтовски


Сподели

Soobrakjajka-Avtobus-3Soobrakjajka-Avtobus-2

Soobrakjajka-Avtobus-4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code