16.05.2014 13-годишно момче од Кочани е тешко повредено во сообраќајна несреќа што вчера попладне околу 16,30 часот се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица.
До несреќата дошло кога автомобил „форд фиеста“, управуван од 43-годишниот М.К. од Кочани се судрил со камион „мерцедес“ што го возел 61-годишниот струмичанец Б.Г.
При судирот тешко повредено е момчето, кое било сопатник во “фордот“, а со тешки повреди се здобила и сопатничката, 48-годишната Ј.К. од Кочани.
Поради тешките повреди момчето е пренесено на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а жената во штипската клиничка болница.
Двајцата возачи поминале со полесни повреди. Заради утврдување на причините за сударот, полицијата извршила увид на местото на несреќата.
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}