Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Poplavi1309.07.2013  Граѓаните на Кочани повторно поминаа кошмарна вечер поради големото невреме што го зафати регионот.

Обилниот дожд што паѓаше половина час ги преполни улиците и се излеа во пониските деловни објекти и подрумските простории. Надојдената вода го попречи и нормалното одвивање на сообраќајот, а на улицата “Глигор Апостолов – Гочо“ се создаде вистинско езеро длабоко 60-тина сантиметри. Возилата беа принудени да се движат по споредните улици за да влезат во градот.

Сепак, најкритично беше во Трговскиот центар каде за десетина минути инвентарот и стоката во деловните објекти се најдоа под вода. Сопствениците се револтирани што и покрај барањата до локалните власти и надлежните, со години не се преземаат ефикасни мерки за заштита од поплавите.

- Има голема штета, скапи работи внатре, само што го почнавме дуќанот, имавме вработени, сега ќе си седат дома, никој не презема никакви мерки, само доаѓаат за даноци, за маси мерат, половина квадрат повеќе, нема никој да се загрижи малку од малку, барем да не посетат. Германски закони имаме за плаќање, африкански услови за работа... Штета се прави, меѓутоа треба надлежните да преземат нешто, некое чаре мора да се најде. Давачки има, се плаќаат, сите си ги подмируваат, па нека најдат чаре ова да се реши, рекоа сопственици на деловни простории во приземјето од Трговскиот центар.

Противпожарната единица добила голем број повици за интервенции во поплавените објекти. Само во текот на вчерашниот ден екипите ја црпеле водата од десетина објекти на улиците “Роза Петрова“ и “8 Март“,  како и од дуќаните во приземјето на Трговскиот центар.

Интервенции имало и во Подрачната единица на Управата за матични работи, како и во подрумските простории на Полициската станица во Кочани.

Пожарникарите дејствувале и во гаснењето пожар на трафостаница во Ромското маало. Тоа предизвика прекин во напојувањерто со електрична енергија, а се утврдува дали пожарот бил предизвикан од удар на гром или поради оптоварување на мрежата.

Таму и на уште неколку места интервенираа и екипи на ЕВН каде поради оштетувањата имаше краткотрајни прекини во снабдувањето со струја.

Граѓани кои живеат во близина на комплексот АСНОМ се пожалија дека поради пренапон во електричната мрежа дошло до оштетувања во апаратите за домаќинството.

Обилните врнежи поплавија и дел од површините засеани со градинарски култури, а привремено е прекината и жетвата на житата во регионот.

Т. Ајтовски

Сподели

Poplavi10

Poplavi12Pozarnikari 2EVN1Poplavi11

Poplavi16Poplavi15

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 227 гости и нема членови


web counter



qr code