Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maturska219.05.2014 Матурата – големо шоу во кое секој има своја улога.

Вака матурантите од СОУ „Ѓошо Викентиев“ ја опишуваат долго очекуваната матурска вечер која ќе се случи на 20 мај.

Класен час во 18 часот во училиштето по што заминуваат на претставување и дефиле пред летната сцена на ЦК „Бели Мугри“.

По дефилето заминуваат на прослава на долго очекуваната вечер во мотелот „Гратче“.

Училиштето и годинава ќе се потруди вечерта на матурантите да им биде незаборавна.

-Сакаме свечено да ја одбележиме матурската вечер на учениците. Свечено влегување и одржување класен час во 18 часот, потоа со автобуси заминуваат во градскиот парк и ќе продефилираат на летната сцена и за таа цел ги повикувам сите граѓани како и блиските роднини на учениците заеднички да го прослават овој свечен чин, рече Димче Сребренов, директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“ .

Матурантите пак , секој со своја замисла како би требало да изгледаат на единствената и за нив незаборавна матурска , неколку месеци наназад постојано зборуваат токму на тема како да се блесне на матурската забава. Со нетрпение чекаат да го покажат изборот на облека за матурската прослава.

Инаку матурската еуфорија се чувствува и низ кочанските бутици, фризерски салони и кафеани. По кафеаните нема слободни термини за славење, фризерските и козметичките салони работат со полна пареа. Матурантите очекуваат незаборавно лудување до раните утрински часови.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

maturska4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code