Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sou-goso-vikentiev19.05.2014 Тамара Венкова го освои второто место на државниот натпревар по спелување на англиски јазик што на 17 мај се одржа на Американскиот колеџ во Скопје. Работеше под менторство на професорката по англиски јазик Марија Алексиева.

-Најпрво бевме на регионален во Штип каде имаше 4000 учесници. Од нив на државен заминаа 450. Натпреварот беше во систем на елиминација. Спелувавме зборови и на крајот останаа двајца кои беа наградени, рече Тамара Венкова, ученичка во СОУ „Ѓошо Викентиев“ .

Кристијан Јорданов го освои првото место на Националниот атлетски крос што се одржа на 16 мај во Скопје. Се подготвуваше под менторство на професорот по физичко Раде Тодосиев.

-Јас го освоив првото место на Националниот атлетски крос на 1500 метри. Имаше околу 40 учесници, но во мојата категорија бев најдобар. Интензивно се подготвував и не беше лесно да се освои највисоката награда, рече Кристијан Јорданов, ученик во СОУ „Ѓошо Викентиев“.

Директорот Сребренов рече дека ова се големи успеси за училиштето затоа што учениците постигнуваат резултати не само во натпревари по стручните туку и во општо образовните предмети.

-Со овие успеси докажуваме дека сме училиште кое може да се натпреварува не само во натпревари по стручни предмети туку и по општообразовните, математика, англиски, спорт и слично што го покажува квалитетот на наставата и сестраноста на нашите ученици, рече Димче Сребренов, директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“ .

Учениците од СОУ „Ѓошо Викентиев“ четврти пат учествуваат на Националниот крос во конкуренција на сите основни и средни училишта од Кочани и другите градови од државата.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

sou-goso-vikentiev2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code