Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ou-malina-popivanova20.05.2014 На Националниот атлетски крос што во организација на Сојузот на училишен спорт на Македонија и Атлетската федерација и Агенцијата за млади и спорт се одржа во Скопје ОУ „Малина Попиванова“ учествуваше со најголем број ученици од сите кочански основни училишта. Од деветте учесници од училиштето две ученички со освоија првото место.

-Јас се натпреварував во категоријата 5 и 6 одделение во трчање на 400 метри. Во силна конкуренција го освоив првото место, рече Алесија Андова, ученичка во ОУ „Малина Попиванова“.

-Јас се натпреварував во категорија 3 и 4 одделение во трчање на 400 метри. Го освоив првото место и многу сум задоволна, рече Сандра Карова, ученичка во ОУ „Малина Попиванова“.

Од менаџерскиот тим на училиштето задоволни од успесите на учениците.

-Пред четири години на предлог на градоначалникот на Општина Кочани и после апстиненција од 20 години повторно почнаа да се организираат општинските крос натпревари. Имав чест да бидам дел од организацијата на кросот во 2010 година. Ова го кажувам затоа што токму таа организација и предлог се причина за успесите на нашите ученици и се надевам дека и понатаму ќе се организираат, рече Ивица Цимбаљевиќ, директор во ОУ „Малина Попиванова“.

Државниот атлетски крос се одржа на патеката покрај Кејот на реката Вардар до арената Филип Втори. Учениците ги подготвуваше нивниот ментор професорот по физичко Трајан Трендов.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

ou-malina-popivanova2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 124 гости и нема членови


web counter



qr code