Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voda sleper vinica321.05.2014  Шлепер со флаширана вода за поплавените региони во соседните држави испратија и виничани. Локалната самоуправа на Општина Виница, со поддршка на бизнис секторот обезбедија поголема пратка што се товараше во компанијата “Центрофрута“. Таа, заедно со пакети облека ќе им биде донирана на граѓаните од настраданите подрачја.

Според градоначалникот Дончев скоро сите компании се јавиле по повикот да се вклучат во донирањето и за само еден ден била обезбедена поголема количина вода за пиење, а се најавува и друг вид помош.

- Денеска од Виница испраќаме еден камион со 25 илјади литри вода, вчера замина еден камион со облека, а утре и наредните денови ќе се обидеме да обезбедиме и храна и парична помош заедно со Црвениот крст од Виница, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Од општинската организација на Црвениот крст – Виница уште во неделата започнале со собирање и испраќање помош во храна, пред се од производната програма на компанијата “Макпрогрес“.

- Најверојатно и облеката и обувките ќе бидат потребни за настраданите региони, меѓутоа во овој момент да обрнеме поголемо внимание на исхраната, вода за пиење средства за хигиена, средства за прочистување на водата и друго што во моментот е понеопходно. Акцијата тече перманентно, граѓаните постојано донираат во просториите на Црвен крст, сето тоа се препраќа до складиштата. Акцијата ќе трае до 31 мај, а ако има потреба ќе ги користиме средствата за информирање да апелираме до граѓаните за да можеме да одговориме на задачата што е поставена, рече Љупчо Цоневски, секретар на Црвен крст – Виница.

Цоневски се заблагодари за големиот одзив што го покажале виничани да им помогнат на настраданите жители во поплавите во Србија и Босна. Според него најверојатно и по повлекувањето на водата од населените места, неопходна ќе биде дополнителна помош поради што ги повика своите сограѓани да продолжат со донирањето.

T. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code