Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

evra09.07.2013  51-годишниот П.В. oд Кочани останал без 6.200 евра, верувајќи дека негов познаник од Штип, кој пријавил адреса на живеење во Скопје, ќе му помогне  околу вработувањерто на ќерката.

Без да насети дека се работи за измама, кочанецот пријавил дека на 19 јуни годинава, лицето Б.Н. го довело во заблуда лажно прикажувајќи му факти.

Всушност штипјанецот се претставил како еден од директорите на мобилниот оператор  ВИП, ветувајќи дека ќе му заврши работа неговата ќерка да замине на шестмесечна специјализација во Америка. По завршувањето на школувањето тој требало да посредува таа да се вработи во Владата на Република Македонија како дипломат за односи со јавноста.

Исто така, го довел во заблуда дека пред одењето за Америка, преку негови блиски пријатели ќе среди таа да добие оригинал дипломи за завршен курс по англиски јазик и при тоа му побарал и го навел да му ја даде сумата од 6.200 евра, што оштетениот и го сторил.

Веднаш по откривањето на измамата П.В. го пријавил слулајот во полиција, а измамникот бил уапсен и против него е поднесена кривична пријава.

Покрај кочанецот, штипјанецот Б.Н. измамил уште тројца македонски државјани, при што од сите четворица успеал да одземе над 40 илјади евра.

Т. Ајтовски

Сподели

kocani11policija22

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 122 гости и нема членови


web counter



qr code