22.05.2014 Генерација за паметење. Убави, модерни и пред се паметни. Вака професорите ги опишаа овогодишните матуранти од СОУ „Љупчо Сантов“.
Убаво осмислено пристигнување во градскиот парк украсен специјално за нив, матурантите продефилираа на посланиот црвен килим на Крушарски мост.
Опкружени со толпа луѓе кои со нетрпение го очекуваа нивното пристигнување, матурантите годинава добија силни аплаузи. Сите преубави, истакнувајќи ја својата младост и убавина поминуваа со своите партнери и продефилираат дури до фонтаната кај градскиот парк и затоа секој можеше да ги види.
Пред Центарот за култура прво се фотографираа клас по клас, за потоа заедничка фотографија да направи целата генерација матуранти. Прославата на завршувањето на средното образование годинава беше крунисано со огномет кој го привлече вниманието на насобраниот народ. Организирано со автобуси се упатија на заедничка прослава на мотелот „Гратче“. Матурантите истакнаа дека четирите години во Гимназијата поминале многу брзо.
-Четирите години во Гимназијата поминаа како на сон. Иако брзо, сепак засекогаш ќе останат во нашите сеќавања, рече Стефан Паунов, матурант во СОУ „Љупчо Сантов“.
-Од матурската вечер очекувам да си поминеме супер, долго ја очекувавме и се подготвувавме за неа, затоа што не е лесно да си матурант затоа што се треба да се осмисли за да биде совршено, рече Сара Манасијева, матурантка во СОУ „Љупчо Сантов“.
Професорите задоволни од целата генерација ученици.
-Многу генерации поминуваат во нашето училиште и секоја остава свој белег, секоја е уникатна и посебна на свој начин, но морам да истакнам дека оваа генерација ученици е една извонредна ризница на таленти кои понатаму во животот ќе бидат успешни граѓани и наша гордост, рече Весна Ефремова, професор во СОУ „Љупчо Сантов“.
-Овие ученици се една прекрасна генерација и чест ми беше да бидам им бидам професор. Секоја чест и за овогодишната атмосфера во паркот каде матурантите пристигнуваа, навистина беше одлично осмислено,рече Розета Николова, професор во СОУ „Љупчо Сантов“ .
-Ова ми е петта генерација да бидам класен и можам да кажам дека е најдобра генерација и по успех и по дисциплина, рече Мијалчо Апостолов, професор во СОУ „Љупчо Сантов“.
Забавата на матурантите траеше до раните утрински часови.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}