23.05.2014 Вкупно 39 инспекциски контроли на возилата со кои се врши јавен превоз на патници извршил овластениот иснпектор за патен сообраќај. При инспекцискиот надзор била побарана и помош од полициски службеници од одделението за безбедност во патниот сообраќај.
Според сумираните податоци за минатата година, скоро кај сите случаи кога биле контролирани возилата се констатирани извесни неправилности или законски прекршоци поради кои се преземни соодветни мерки.
При санкционирањето на прекршоците извршени се 6 порамнувања со врачување на платен налог, а биле поднесени и 6 барања за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за прекршоци при Министерството за транспорт и врски Скопје. Од нив досега позитивно биле решени 3 барања, по што превозниците се казнети со по 500 евра во денарска противвредност.
При инспекцискиот надзор на лице место биле изготвени 19 записници за извршен инспекциски надзор, а издадени се и 11 решенија за отстранување на утврдени недостатоци на превозниците. Превентивните контроли имале и позитивен ефект, при што во 13 случаи биле изготвени заклучоци за запирање на постапката поради тоа што во меѓувреме биле отстранети утврдените недостатоци кај возилата.
Инспекцискиот надзор што го врши овластениот инспектор се однесува на општинскиот линиски превоз, авто-такси превозот како и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општина Кочани.
T. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}