Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stafeta26.05.2014  Членовите на здружението “Јосип Броз Тито“ од Кочани по четврти пат го одбележаа 25 мај - денот на младоста и роденденот на нивниот патрон. Негувањето на спомените од минатото се поврзани, според нив, со еден од најубавите денови во мај, кога младината од целата поранешна заедничка држава го славеше роденденот на маршалот Тито.

И годинава одбележувањето започна од седиштето на здружението кај Градскиот пазар од каде тргна колоната од возила со знамиња, фотографии и други обележја на поранешната заедничка држава Југославија. Колоната ја придружуваа млади кои симболично ја носеа рачно изработената штафета, симболот на празникот.

Потоа продефилираа низ Кочани и населените места и се собраа на заедничка свеченост во центарот на градот.

- Ќе видат сите дека титовите идеи се уште живеат меѓу народот. Имаме оваа година многу повеќе коли и луѓе во нив во однос на лани, па да се надеваме дека така ќе биде и понатаму. Ме радува што меѓу следбениците има и млади луѓе, денеска гледате дека новина е и тоа што заедно со нас трчаа и младите, младинки и младинци и од нив ја примив штафетата, рече Трајан Трендов, претседател на ЗГ “Јосип Броз Тито“ - Кочани.

Звуците на југословенската химна и други песни поврзани со постоењето на поранешната заедничка држава одекнаа на платото во Трговскиот центар. На свеченоста што се одржа овде најмладите членови на титовото здружение ја донесоа и штафетата на младоста.

- Бидејќи во тоа време подобро се живеело, тоа се чувствува се уште, затоа го славиме овој ден, рече млад член на Здружението.

Освен традиционалното одбележување на 25 мај – денот на младоста и роденденот на Тито, оваа година кочанските титовисти рекоа дека имале повод повеќе да го организираат заедничкото дружење и носењето на штафетата.

- Оваа штафета е посветена на нашите браќа кои ги зафати природната катастрофа во Босна, Хрватска и Србија така што сочувствуваме со нивните маки и понатаму ако се организираат работни акции ние ќе земеме учество во нив. Акцијата за солидарност е во тек и парите што ќе ги собереме денеска ќе бидат наменети за нашите браќа во поплавените подрачја, рече Ѓорѓи Николов, член на ЗГ “Јосип Броз Тито“ - Кочани.

Прославата на денот на младоста и роденденот на Тито членовите на Здружението ја продолжија со традиционална заедничка веселба и ручек во месноста Кај дабот во блиина на селото Бели.

T. Aјтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 52 гости и нема членови


web counter



qr code