26.05.2014 170 матуранти од виничката гимназија во петокот го славеа завршувањето на средното образование.
Сите облечени во фустани и костуми со своја замисла и креација продефилираа по црвениот килим поставен во дворот на училиштето.
Добија силни аплаузи од виничката публика која во голем број се собра да ги види овогодишните матуранти.
Секоја генерација посебна за себе си носи свои интереси и желби соодветни во времето во кое живееме. Некои со планови да го продолжат образованието на факултетите во државата, други пак да ја напуштат државата.
-Сите четири години во виничката гимназија поминаа многу брзо, со учење и дружење. Средношколските години се најубавите во животот и никогаш нема да ги заборавам, рече Александра Илијева, матурантка во СОУ „Ванчо Прке“.
Виничките матуранти матурската вечер ја прославија во ресторанот „Конак“ , а за нив пееше Елена Ристевска која беше изненадување од директорот на гимназијата Зоран Ангелов. Освен Ристевска, матурантите ги изненади и виничанецот кој живее во Бугарија познатиот глумец Игор Дамјанов кој приреди посебно шоу за нив.
И по завршување на матурската прослава продолжуваат обврските за матурантите. 115 се имаат пријавено за полагање државна матура која ќе биде на 31 мај, а останатите ќе полагаат училишна. Потоа ќе следуваат уписите на факултет. Матурантите славеа до раните утрински часови.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}6°C
Кочани