Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opstina1.jpg18.02.2013  Актуелниот градоначалник Ратко Димитровски нема да биде единствениот кандидат на гласачкото ливче во трката за нов мандат на функцијата. Друштво ќе му прават уште двајца, чии партии ги кандидирале во законскиот рок.

Бројот на советнички листи пак, е уште поголем, односно покрај онаа од коалицијата на власт, на советничките столчиња ќе се обидат да седнат и кандидати од уште четири други партии, односно група избирачи. До Општинската изборна комисија пристигнале осумте кандидатски листи до полноќ на 16 февруари, со што биле запазени законските одредби. Оттаму  ги потврдија подносителите на сите листи и имињата на тројцата кандидати за градоначалник.

- Од листите за кандидат за градоначалник примени се од Социјалдемократската унија со кандидат Симо Веселинов, од Социјалдемократската партија на Македонија со кандидат Горан Нисов и од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кандидатот е Ратко Димитровски. За членови на Советот примени се листи од СДПМ чиј носител е Снежана Јорданова Филипова, од ДОМ носител е Катица Тасева, од Народно движење за Македонија носител на листата е Даниел Глигоров, од Група избирачи носител е Рами Велиов и од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носител е Иван Иванов, рече Ирина Хаџиева, претседател на Општинската изборна комисија – Кочани.

 Сите кандидатски листи се потврдени со решенија  на Општинската изборна комисија и веднаш се однесени во Комисијата за верификација на фактите, односно до т.н. Комисија за лустрација во Скопје. По пристигнувањето на извештајот од споменатата комисија, доколку нема пречки за некој од кандидатите, тогаш нивните имиња и ќе се официјализираат, односно ќе се најдат на гласачките ливчиња.

Т. Ајтовски

Сподели

Irena-hadzieva 1

Opstina-kocani 3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code