Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Tekstil10.06.2014  Странските инвестиции и отворањето нови производствени капацитети не секогаш значат и намалување на бројот на невработените во државата. Причина за тоа е што полесно им е да преземат дел од веќе вработените и обучени работници, наместо да вработуваат лица кои се на евиденција во Агенцијата за вработување.

На тој начин се прави нелојална конкуренција и директна штета на домашните компании, што посебно е чувствително во текстилната индустрија, оценуваат членките во Кластерот за текстил.

Тие уште во почетокот имале барања ова да се регулира, односно новите вработувања навистина да бидат нови, а да не миграција од постоечките компании.

- Она за што ние како Кластер, а и во консултација со работодавците, бидејќи и таму има членки кои се текстилни компании, се заложивме при вработувањата да се земаат лица кои се невработени, односно кои се евидентирани во Агенцијата за вработување или некоја друга, или не се активни баратели, односно тоа да не биде од постоечките компании. Флуктуацијата, односно ваквата миграција директно влијае на квалитетот на домашните компании, бидејќи квалитетните кадри се раселуваат, одат во странските компании, рече Маријана Перковска, претседател на Кластерот за текстил.

Перковска вели дека голем дел од работниците кои отишле од домашна во странска текстилна компанија потоа повторно бараат да се вратат назад. Основна причина за тоа е што условите за работа кај странците не биле драстично подобри отколку кај домашните работодавачи.

Барањето да не се преземаат вработените работници од домашните компании е веќе и официјален став на Кластерот за текстил.

- Ние во неколку наврати, посебно во дискусиите со Министерството за труд и социјална политика ова го имаме нагласено. Честопати и преку Националниот совет за конкурентност и кај ртаботодавците ова го напоменуваме, затоа што во спротивно не само работодавците, туку и самата држава нема некој бенефит, затоа што не можам со сигурност да кажам, но прашање е дали при вработувањето на веќе постоечки вработени тие имаат олеснување, додава Перковска.

Од Кластерот за текстил велат дека секоја странска инвестиција е добредојдена, но подобро е да се вложи во текстилни капацитети таму каде што има поголем број невработени, отколку во градовите во кои има недостаток од работна сила, односно се бара работник плус. Оттаму додаваат дека проблемот е решлив и оти ќе има разбирање кај надлежното Министерство, за да им укаже на странските инвеститрои за ова нивно барање, кое би трребало да се почитува.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 164 гости и нема членови


web counter



qr code