Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Drvo Kiril i Metodij111.06.2014  Од силниот ветер падна и едно од постарите дрвја кај ОУ “Св. Кирил и Методиј“ при што целосно ја блокираше улицата “Глигор Апостолов – Гочо“. Тоа предизвика хаос во сообраќајот токму во моментот кога поголем број возила и автобуси носеа патници кои се враќаа од своите работни места.

Среќа е што невремето се случи еден ден по завршувањето на учебната година, рекоа граѓаните, па нема повредени. За среќа нема ниту голема материјална штета, освен скршената ограда на дворот од училиштето.

Соседите рекоа дека глетката била страшна и се се случило набрзина.

- Многу набрзина, одеднаш дувна силен ветер, го бутна дрвото и ја попречи улицата, среќа што во моментот немаше ниту една кола, инаку ќе беше голема трагедија. Нема штета кај мене, само до оградата е, нема моментално ништо, рече Благој Стојанов, жител на улицата “Глигор Апостолов – Гочо“.

Ова не е првпат да падне дрво на оваа улица и да предизвика оштетувања и прекин во собраќајот. Затоа граѓаните бараат да се исечат и останатите дрвја за да се спречат посериозни последици.

- Апелираме до надлежните да го исечат и другото дрво оти е големо и ќе направи многу штета, и кај нас и кај комшиите и на школото. Ова што сега се случи беше опасно, можеа коли да поминуваат и пешаци и да убие некого, рече Александар Лелеков, жител на улицата “Глигор Апостолов – Гочо“.

- Постои опасност сега од овие останатите чемпреси, тоа дрво е познато по плитките корени и голема маса, па и тие еден ден наскоро можат да паднат. Треба да се пресечат под итно, додава Благој Стојанов, жител на улицата “Глигор Апостолов – Гочо“.

Набргу по блокирањето на сообраќајот беше повикана екипа од КЈП “Вдоовод“ која интервенираше врз паднатото дрво и обезбеди непречено поминување на возилата.

Доколку надлежните ги послушаат апелите на граѓаните да се отстранат другите дрвја ќе се спречи поголема опасност при следното невреме на оваа локација, за која соседите велат дека е позната црна точка во градот по поплави и слични непогоди.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Drvo Kiril i Metodij2Drvo Kiril i Metodij3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 133 гости и нема членови


web counter



qr code