Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komarci111.06.2014  Крајот на оваа недела е определен за првото прскање против комарците на територијата на општина Кочани. За почетната фаза ќе се врши третирање од земја, а потоа ќе следува и авионско.

Според одговорните во Локалната самоуправа направено е најавеното усогласување со соседните општини за термините за реализирање на акцијата, со што би требало да се постигне поголема ефикасност.

Нема големи промени во површините што ќе бидат опфатени со прскањето против комарците, односно акцијата ќе се реализира слично како и минатата година.

- Земјеното третирање го имаме предвидено на површина од 1.200 хектари или во четири наврати по 300 хектари, почнувајќи од месец јуни, значи плус и јули, август и почетокот на септември треба да се спроведе тереистичко или земјено третирање, ларвицидно. Авионското третирање се планира на површина од најмалку 3.000 хектари и тоа во две фази, јуни и јули месец, рече Аника Илијевска Ѓорѓиева од Одделението за јавни дејности.

Веќе се познати и точните термини за прскањето од земја што ќе се изведе во текот на месец јуни. Од Општината упатија и апел до граѓаните за соодветни мерки за заштита, посебно на пчелните семејства.

- Тереистичкото третирање ќе го вршиме со Центарот за јавно здравје од Скопје, терминот е веќе утврден, тоа е 12 наспроти 13 јуни, односно четврток наспроти петок, после 24 часот ќе се врши третирањето. Веќе упативме апел до сите институции до кои сме задолжени како Општина да апелираме, ете и јас во оваа прилика упатувам апел, особено до пчеларите, значи тоа е веќе дефиниран термин, додава Илијевска Ѓорѓиева.

Доколку временските услови се неповолни, односно ако има силен ветер или врне дожд, третирањето ќе се одложи за следниот ден.

Слично како и лани, и оваа година Локалната самоуправа од буџетот издвои нешто повеќе од 1 милиони 100 илјади денари за набавка на неопходниот инсектицид и ларвицид што е одобрен од Бирото за лекови.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code