Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kukni broevi116.06.2014  Граѓаните на Кочани во наредниот период ќе мораат да понесат уште еден еднократен издаток што ќе го пропише Општината. Тој се однесува за набавка на табличките со куќните броеви за објектите што се во нивна сопственост.

Иако според одговорните во Локалната самоуправа не би требало да се работи за голем трошок, сепак засега никој не знае колку точно тој ќе изнесува. Сумата ќе биде позната дури откако Општината ќе распише јавна набавка и ќе биде избрана најповолната понуда.

Со оглед на неколкуте други давачки за кои одлуките ги потврди Советот, на последната седница имаше размислување за извесно олеснување кон семејните буџети за набавката на табличките.

- Навистина би требало да има некоја цена што би била максимална, за граѓаните да можат да ги платат тие броеви. Да не се случи на сметките за вода да им дојдат вредности од 500, 1000 или 2000 денари и да се чудат за што се тие пари, а ние советниците овде претходно сме ги изгласале, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Во насока на помагање на граѓаните околу трошокот на кој би биле изложени имаше размислување и за можно субвенционирање.

- После добивањето на некоја цена што ќе се постигне на тендерот, јас предлагам ние како Совет на Општина Кочани тогаш да донесуваме одлуки. Дали за социјалните категории граѓани ќе имаме ослободување или ќе има субвенции, ако се постигне висока цена, можеби ќе донесеме одлука да субвенционираме дел, како што субвенционираме за јавниот градски превоз, рече Спиро Ѓоргиев, член на Советот на Општина Кочани.

Со оглед што се работи за метални таблички со куќни броеви, за кои законски се пропишани изгледот, димензиите и другите карактеристики, нереално е да се очекува високи суми за нивна изработка, рекоа од Општината.

- Имаме неофицијален податок дека најниската цена на табличка со куќен број би била околу 205 денари без ДДВ и без монтажа. Тоа е што во овој момент неофицијално го располагаме, а јавната набавка ќе покаже сигурно нешто друго имајќи ги предвид параметрите и имепративот како треба да изгледа таблата и табличката, рече Милка Александрова, раководител на Секторот за јавни дејности..

Според предложената постапка за набавка на таблите со имињата на улиците и куќните броеви, наплатата од граѓаните би се извршила преку сметките за комунални услуги. Засега целата постапка е на почеток и нема определно рок кога треба да се реализира.

Сепак, останува можноста Советот со дополнителна одлука да помогне со извесна субвенција од општинскиот буџет доколку за табличките се постигнат повисоки цени од очекуваните.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code