Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ptici vo teranci17.06.2014  Жителите на Теранци цела недела се вознемириени од присуството на јатa птици што им ги запоседнуваат дворовите и бавчите и не ги плаши човековото присуство.

Се појавиле ненадејно и ги исплашиле со гракањето што трае од утро до мрак. На моменти велат теранчани, потсетуваат на сцени од хорор филмови. Рекоа дека никогаш порано не ги виделе и зачудени се што ги има само на горниот крај од селото во близина на падините на Плачковица.

Се обиделе да ги избркаат на различни начини, употребувале дури и петарди и ловечки пушки за да ги исплашат, но птиците повторно се враќале.

- Не се диви, питоми се, приоѓаат по дворовите близу, носат слама за гнезда, не се плашат. Пукаат со петарди некои, не бегаат, ќе се потргнат и тука се пак, рече жител на Теранци.

- Тие јадат инсекти, друга штета засега нема. И црници јадат, а понатаму веројатно и на лозјата ќе прават штета, рече жител на Теранци.

Некои од жителите забележале дека освен овошни плодови, непознатите птици покажуваат извесна агресивност и им прават штета на другите птици што се одомаќинети во Теранци.

- Од куќата каде што има гнезда на врапци ги наоѓаме јајцата долу паднати заедно со сламки, што значи им ги растураат леглата, и на ластовичките и на врапците. И на овој дел се највеќе, а наутро од 5 часот почнуваат да пискаат и додека се стемни, штом се стемни нив ги снема, рече жителка на Теранци.

- На житата секако, напаѓаат. Во дворот имаме и цреша, ја нападнаа и веќе немаме цреши, страшно е и за лозјата исто така, рече жител на Теранци.

Теранчани со право се загрижени од присуството на за нив непознатите гости, велат познавачите на живиот свет во Кочанската Котлина.

Сепак, се работи за птици кои се само подвид на веќе присутната фамилија во нашите краишта.

- Се работи за птица што повремено доаѓа кај нас и спаѓа во фамилијата на сковрани или сколовранци. Таа е нивен подвид и се разликува според бојата од нашиот класичен сколовранец, кој е црно-бел, овие имаат жолта боја на градите и белузлаво-жолта боја на грбот. Единствена корист од нив е тоа што тие се јавуваат во време кога ќе се појават скакулци, а тие се појавија во Штипско, Неготинско, а има најави дека се појавиле и во нашиот крај. Не е исклучено да се дојдени по скакулците овде, но и тоа што во нашиот крај се подигнаа насади со вишни, во Спанчево има 22 хектари, во реонот на Теранци, Кучичино, Видовиште има 10-тина хектари со вишни и ако тука се свртат ќе направат голема штета, рече Киро Бојаџиски, магистер по екологија.

Бојаџиски додава дека овие птици најчесто се населуваат во напуштени куќи и амбари, каде наоѓаат соодветно засолниште и инсекти со кои се хранат. Кон човекот не се агресивни, но потврдува дека можно е да направат големи штети кај овошните насади и лозјата, па дури и кај житните култури, посебно пченката.

Останува отворено прашањето дали во текот на есенскиот период ќе си заминат или ќе презимат и ќе се одомаќинат во овој крај.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 172 гости и нема членови


web counter



qr code