Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Plostad18.06.2014  Локалната власт на Кочани не размислува да ја повлече одлуката да наплаќа за паркирање на јавните простори во градот. Од почетокот на идниот месец возачите ќе мораат да платат по 10 денари од час ако возилата ги оставаат на однапред определените места.

На седницата на Комисијата за комунални работи и уредување се расправаше за одлуката, при што беше речено дека пред таа да започне да се реализира, општинската администрација направила измени на претходниот предлог приватна компанија да биде операторот што ќе ја организира дејноста.

- Утврдивме дека оваа дејност е комунална, според Законот за комунални дејности, и нема пречки КЈП “Водовод“ да биде субјект кој ќе се појави како оператор и ќе ги стопанисува паркинг просторите на подрачјето на градот и во иднина на подрачјето на општина Кочани, рече Милка Александрова, раководител на Секторот за јавни дејности.

Александрова рече дека освен измените кај операторот, променет е и бројот и локацијата на паркинг местата каде за почеток ќе се врши наплатата.

- Значи, сите да не одат во ист момент за да се наплатува, туку тие што претставуваат тесно грло, односно тие што најмногу се напаѓаат, односно користат и прават гужви во градот, тие во почетокот да бидат предмет на наплата, додава Александрова.

Пробниот период од три месеци, според надлежните, требало да ги покаже сите проблеми и неправилности што треба да се отстранат, пред “Водовод“ да започне редовно да ја извршува и оваа дејност.

На седницата на Комисијата се појавија спротивставени ставови дали сега е погоден момент за примена на одлуката и покрај тоа што таа е донесена пред две години и неколкупати е одложувана.

- Јас на седницата минатиот пат кажав дека од нашите дискусии и од активностите на терен и реакциите на граѓаните сосема е јасно дека овој проблем не е сосема апсолвиран и решението што го нуди Локалната не е најдоброто што одговара за граѓаните. Затоа, и тогаш и сега мислам дека е најпаметно оваа одлука да се стопира и да се одложи за некој догледен период, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Секојпат кога започнувате некоја работа најцелисходно е да се започне со помал дел и со помал обем, па доколку во текот на работењето се појават одредени недостатоци да можат полесно да се исправат. Значи, не е точно дека не е доволно апсолвирано прашањето, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

- Ова што сега го кажавте не држи место. Значи, две години се работи на овој проблем, донесовме одлука за централното градско подрачје да биде паркирањето, а вие за овие 10 дена увидовте дека требало да биде пробно на помал простор. Не можевте ли да видите дека треба да се проба на помал простор, додаде Стефановски.

Расправата продолжи со дилемата дали “Водовод“ или некој друг оператор треба да ја извршува дејноста.

- Дали сте за или против да стопанисува комуналното претпријатие, да не ме сфатите прогрешно, ама мислам дека е паметно тоа да биде така, оти нема да биде монопол. Ако влеземе во филмот да стопанисува некој приватен ќе се доведеме во ситуација дека сето ова го правиме на штета на граѓаните за некој друг да дојде до финансиска добивка, рече Јордан Димитров, претседател на Советот на Општина Кочани.

- Под притисок и на опозицијата и на граѓаните сега наоѓате соломонско решение тоа да биде КЈП “Водовод“ божем ќе не штитело од монопол. Колку не штити од монопол сведок е минатата седница кога ја покачивме и водата и канализацијата за енормни 150 проценти. Суштината е во тоа што ние ги узурпираме улиците. Со кое право изградени улици пред 50-60 години сега ќе ги узурпираме во полза на кој било, па нека се вика и КЈП “Водовод“, рече Влатко Трајанов, член на Советот на Општина Кочани.

На крајот од седницата на Комисијата беше повторено образложението дека со одлуката да се наплаќа за паркирање во центарот на градот треба да се среди хаосот во сообраќајот, а поради недостиг од слободен простор неопходно било да се зафати дел од улиците.

На седницата в петок Советот на Општината ќе ја разгледува одлуката заедно со забелешките од Комисијата, а со оглед на расположението на мнозинството советници, повеќе од сигурно е дека од 1 јули Кочани ќе биде првиот град во Источна Макеоднија каде ќе има платени паркинзи.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code