Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zmii kup18.06.2014  Најчести жртви на каснување од змии во овој период се берачите на печурки, шумски плодови и лековити билки. Оваа година е година на змиите и има идеални услови за нивно размножување, велат познавачите.

-Температурите кои ги имаме се поволни за размножување на змиите. За несреќа отровниците од јајцата излегуваат живи и полни со отров. Луѓето кои собираат печурки работат со голи раце. Истото се однесува и за оние кои берат шумски плодови и често имаат несреќа да бидат каснати од змии отровници оти не можат да ги видат змиите затоа што бојата на отровницата е многу слична на околината, а тоа е нивна заштитна особина, истакнува Киро Бојаџиски, магистер по екологија.

Добрите познавачи на змиите отровници советуваат доста внимателно да се оди во природа на прошетки, особено на отворените површини. Во овој период во нашите краишта доста активни се змиите отровници поскокот, шарката и коштрицата па мало невнимание да се нагази или допре кај нив се активира нагонот за одбрана па лесно касаат. Советите се едноставни. Да не се дозволи да го фати паника оној кој што ќе биде каснат. Лицето треба строго да мирува и да се избегнува и најмалото движење.

-Најдобро е тие луѓе кои берат печурки и шумски плодови да носат со себе серум против змиски отров. Тој може лесно да се најде во аптеките и е ефтин. Ако има несреќа да биде каснат треба местото да биде избодено со трн или игла и да го истиска отровот и веднаш да врзе зад каснатото место за да не помине дел од отровот во крвотокот, советува Бојаџиски.

Советите за превенција од каснување се да не се вознемирува змијата оти многу луѓе се каснати при обидот да ја убијат змијата, да се избегнува висока трева и да не се ставаат рацете и нозете на места кои не се прегледни.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code