Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parking122320.06.2014  И официјално од почетокот на идниот месец Општина Кочани ќе започне да наплаќа за паркирање на јавните простори во централното градско подрачје.

Одлуката за тоа ја изгласа Советот на последната седница, не обѕирајќи се на укажувањата дека уште еднаш треба да се размисли пред нејзиното усвојување.

Според советниците од опозицијата, намалувањето на првично планираниот број паркинг места за кои ќе се плаќа и предлогот наместо со јавно-приватно партнерство дејноста да ја извршува комуналното претпријатие, било показател дека Локалната самоуправа не е подготвена да ја воведе новата давачка за граѓаните.

- Не е најдобро решение паркингот да биде платен, сметаме дека имаме многу други начини како да се реши проблемот со гужвата што настанува во централното градско подрачје. И да не ги повторувам дискусиите што ги имавме на претходната седница, мислам дека треба сите да се одважиме и да ја тргнеме на неопределно време оваа одлука, за некои подобри времиња, да разговараме сите дали е паметно или не за да воведеме платен паркинг во нашата општина, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Одлуките што постојано ги потенциравте дека доколку излезат во Службен гласник на Општината веќе се правосилни. Сега ни се случува одлука од минатата седница денеска да ја корегираме. Тоа доволно кажува со аргументи дека работата не е поставена како што треба, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Со оглед што во меѓувреме се спроведе и граѓанска иницијатива за собирање потписи против предлогот за платено паркирање, советниците предложија да се земе предвид и ставот на граѓаните, односно да им се даде шанса и тие да учествуваат во донесувањето на крајното решение.

- Сега не можеа да дојдат на дневен ред иницијаторите да си го кажат своето мислење и гласот на народот, несомнено е дека тие во наредниот период што им е даден од 30 дена оваа иницијатива ќе ја спроведат на начин на кој што тоа го налагаат законите и прописите. Затоа давам конкретен предлог да ги почекаме овие 30 дена, да видиме што имаат тие да ни кажат, можеби некое подобро решение ќе биде, и оваа одлука да се стопира и за неа да се зборува после поднесувањето на петицијата во онаа форма во која што бара Законот, рече Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани.

- Само за 20 дена менуваме одлука што толку жолчно ја браневте како мнозинство. Не дека не знаете да донесете правилно решение, но едноставно состојбата со сообраќајот во Кочани е толку сложена што тешко се наоѓа решение. Говоревме на минатата седница дека со донесувањето на одлуката го решаваме хаосот. Хаосот не можеме да го решиме сега, а единствено што можеме е да им земаме пари на граѓаните кои сега паркираат без пари на истите површини, рече Влатко Трајанов, член на Советот на Општина Кочани.

Ниту еден од советниците од владеачкото мнозинство на седницата не дискутираше по ова прашање, а не беше прифатен ни предлогот на нивниот колега Стефановски, усвојувањето на одлуката да се стопира до завршувањето на постапката по граѓанската петиција. На крајот, со 11 гласови за Советот изгласа по 10-тина дена да започне плаќањето надомест од 10 денари за час за паркирање.

Со изменетата одлука опфатени се обележаните паркинг места на улицата “Маршал Тито“ на потегот од Водостопанското претпријатие до Поштата, на големиот паркинг кај Трговскиот центар, на паркинг просторот на улицата “Димитар Влахов“ кај Фондот за пензиско осигурување, на паркингот кај кулата “Треска“ и на кракот што ги поврзува улиците „Маршал Тито“ и .„Димитар Влахов“ кај Трговскиот центар.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 215 гости и нема членови


web counter



qr code