Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Oblesevo Kanalizacija24.06.2014  Цело маало во близина на сточниот пазар во Облешево е со поплавени дворови и подруми од излеана фекална вода. Причина за тоа велат мештаните е што поради долготрајниот период со врнежи, како и од близината на околните оризни ниви се покачило нивото на подземните води.

Освен директната штета по имотот, облешевци се жалат дека не можат да ја користат водата за пиење од нивните хидрофори, поради што се приморани да купуваат флаширана вода.

Загрижени се што водата што со месеци стои во нивните дворови и бавчи може да придонесе за ширење на зарази, а веќе им го уништило градинарското производство.

- Има агрегати, има машини, има цистерни оваа вода да дојдат да ја исцрпат, да се извлече. Ако оваa вода остане да чекаме сама од себе да ја снема тука треба да помине една година. Во ова маало, во овие дваесет куќи имаме триесет деца, на 30 степени температура тука ќе фатиме разни болести, рече Горан Димитров, жител на Облешево.

- Некни до овде беше вода, три декари бавча имаме, погледнете да видите како е натаму, се е трева, а растенија ништо нема, двапати ја пресадувавме бавчата и пак ништо нема, рече Славка Максимова, жител на Облешево.

Облешевци се жалат дека немаат ни основна комунална инфраструктура со која ќе се прибира отпадната вода во селото.

- Мислам дека причина е што немаме водата каде да ни тече, натаму треба да има канали за исцедување, тоа треба да се ископа или канализација или било што, рече Стојна Арсова, жител на Облешево.

- Ние немаме канализација, ама јамите сите ги пуштаат и водата се е тука, се собира, и сега ние што да правиме, кој како ќе си ископа од куќата тука дојде водата, рече Марија Атанасова, жител на Облешево.

Жителите рекоа дека дваесетина години очекуваат локалната власт да го реши проблемот, односно да се изгради прописна каналзиациона мрежа. Од Општината велат дека се преземаат конкретни мерки на тој план.

- Веќе во процедура ни е тендерската постапка за довршување на канализацијата во село Облешево и за водоводот. Завршени се проектите за Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци, во преговори сме и се надевам дека во најсокро време ќе го решиме со кредит од Светска банка и со поврзување со водоводот во Кочани. Во овој мандат, не сакам да кажувам точно време, се надевам дека ќе ги завршиме овие работи, рече Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево..

Личков рече дека решавањето на проблемот ќе биде со средства од општинскиот буџет, со помош од државата и од други извори. Истовремено, упати и апел до граѓаните да ги исчистатат, односно да не ги затрупуваат каналите покрај своите имоти за да може водата непречено да истекува.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code