Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fk osogovo11.07.2013  Тринаесет играчи се јавија на првата прозивка што ја свика тренерот на ФК “Осогово“ Крсте Крстев.

Дел  од повиканите не дојдоа со оправдудвање дека биле зафатени поради одржувањето на фудбалски турнири во регионот, но имало ветувања дека нема да изостанат на следните тренинзи.

Со прозивката и првиот тренинг практично стартуваат подготовките пред новото првенство, во кое се најавува максимален ангажман на сите капацитети со кои располага екипата. 

 

- Решивме навреме да ги почнеме подготовките, да се екипираме. Во текот на неделата очекуваме уште  неколку нови фудбалери, така што комплетни од следната недела ќе започнеме со подготовки. Планираме да тренираме 11 дена, по два пати во денот, при што ќе има и ручек. Се надеваме дека со добри тренинзи и макотрпна работа ќе ја подигнеме формата и нема да бидеме очајни како во претходната сезона, рече Крсте Крстев, тренер на ФК “Осогово“.

Крстев рече дека цел на Стручниот штaб не е екипата само да се натпреварува во третата лига, туку да постигне резултати со кои ќе се најде во баражот за влез во повисок ранг на натпреварување. Како еден од предусловите за добри подготовки на фудбалерите е што е обезбедена дел од потребната опрема.

- Сите фудбалери добија по 2 комплети опрема за тренинг, добивме нови реквизити, имаме порачано  нови фудбалски топки, исто така и дресови. Значи, сите потребни услови за нормален тренажен процес ќе бидат обезбедени како што беа ветени од Управниот одбор и од спонзорите, па се надеваме дека без проблеми ќе ја подигнеме формата и ќе ја постигнеме целта на клубот, додаде Крсте Крстев.

И оваа сезона во работата со голманите на Крстев ќе му помага поранешниот голман Лазар Балдазаров, а поголемиот дел од трошоците ги презема компанијата “Ледер“. 

Т. Ајтовски

Сподели

fk osogovo2fk osogovo3fk osogovo4fk osogovo5fk osogovo6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code