Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Mustafa27.06.2014  Обидот по втор пат да го полага практичниот дел од возачкиот испит за кандидатот Мустафа Саидов се покажал како неуспешен. Комисијата за полагање му регистрирала неколку грешки за време на испитното возење поради што на крајот бил известен дека ќе мора да се јави и по трет пат.

Лично тој имал забелешки за оценувањето од страна на претседателкта на комисијата поради што решил да го искористи своето право за приговор.

- Кога влезе во канцеларијата жената беше прилично изнервирана, односно изреволтирана, ме виде и праша што е тоа. Кога кажав дека е приговор, ми рече дека сум ѓубре, партал од возач, ми рече да излезам, ме пцуеше и ме праша дали сум свесен на кого му поднесувам приговор.

Во меѓувреме таа го стутка приговорот, го фрли на земјата, а еден од тие кои беа во салонот ми го даде и реков дека вака стуткан повторно ќе го поднесам, рече Мустафа Саидов.

Според Саидов, дошло до немила ситуација во која писмениот приговор му бил искинат.

- Парчето како што ми стоеше во рака, таа се впушти кон мене и директно ме нападна, го грабна приговорот со едната рака, го повлече и го скина, а во тој обид имам и една гребаница. Во тој момент ми рече, еве ти го сега скинатао и оди кај ќе се жалиш. Веднаш го пријавив настанот во полиција, што понатаму ќе се случува не знам, има разни шпекулации, но ќе барам одговор како е постапено. Со ова сакам да ги охрабрам сите млади кои имаат такви или слични проблеми да не молчат, да не премолчуваат, додава Саидов.

Саидов ја отфрли можноста да бил дискриминиран по етничка основа, а рече дека ќе чека поради навредите неговиот случај да добие разврска пред правосудните органи.

Канал 8 ја контактираше комисијата за полагање возачки испити во Кочани во врска со случајот. Оттаму рекоа дека ќе се воздржат од коментар, а за сите правни и други последици што ќе произлезат понатаму ќе побараат соодветна правна и законска заштита.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code