Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Soobrakjajka ponikva30.06.2014  Кобен се покажа неделниот викенд-излет на Пониква за семејството Коцеви од Кочани. На враќање од планината, нешто пред 19 часот кај месноста Лешка кривина на регионалниот патен правец Пониква – Кочани, се случи тешка сообраќајна несреќа при што на лице место загина 23-годишната Емилија Коцева од Кочани, која била во одмината фаза од бременоста.

Возилото што го управувал нејзиниот 26-годишен сопруг изгубило контрола, удрило во брегот од левата страна нај патот, го преминало коловозот и завршило во бездна длабока дваесетина метри. На местото на несреќата видливи беа траги од кочење, по што ниту заштитната ограда не успеала да го задржи автомобилот.

Од Полицијата го потврдија настанот и идентитетот на жената.

- Патничко моторно возило “поло класик“ со кочански регистерски таблички управувано од 26-годишниот А.К. излетало од патот при што во незгодата починала 23-годишната сопатничка Емилија К. исто така од Кочани, рече Гордана Панајотова, протпарол на СВР – Штип.

Веднаш по несреќата двајцата сопрузи биле префрлени во кочанската Општа болница, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта кај бремената жената и нејзиниот плод.

- Направен е рутински гинеколошки преглед со кој официјално е потврдена смртта на бебето и на мајката, а сопругот со полесни повреди на главата е упатен во штипската болница, рече Христина Кабова Димитровска, главна медицинска сестра во Општа болница – Кочани.

Увидот на местото на несреќата што го направи јавниот обвинител и полициска екипа треба да даде одговор за причините поради кои возилото заврши во бездната.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 173 гости и нема членови


web counter



qr code