30.06.2014 Надеж дека повторно ќе застане на нозе и ќе прооди на младиот Даниел Митков од Кочани му даваат хуманите луѓе и неговите другари и пријатели. Тие не го заборавија во неговата тригодишна мака, откако по сообраќајна несреќа остана неподвижен.
Од пред изесно време започнаа хуманитарна акција за собирање парична помош за потребниот оперативен зафат во Кина, по што постои надеж дека здравствената сосотојба на Митков ќе се подобри.
Сообраќајната несреќа се случила на 11 септември 2011 година при штов тој се здобил со тешки телесни повреди како нагмечување и крварење на белите дробови, внатрешно крварење на главата и друго.
- Најголема повреда е скршеница на 8 и 9 пршлен, имам целосна одземеност. Напредната медицина во Кина ми дава втора шанса, повторно да застанам на нозе, но за тоа се потребни 25 илјади евра што моето семејство ги нема. Затоа апелирам до сите граѓани, до сите хумани луѓе кои се во можност да донираат на прикажаните броеви или на трансакциската сметка, ќе бидам преблагодарен на секого, рече Даниел Митков.
Во неделата младите од Кочани организираа турнир во мал фудбал на теренот во населбата “Сиви дом“ на кој заедно го поминале детството.
- Ние овде на овој терен пред да биде урбанизиран и опремен го поминавме целото детство, заедно играјќи фудбал, спортувајќи, па оттаму ни дојде идејата за целата акција да собереме средства за неговата операција што треба да се изврши во Пекинг. Решивме од денес официјално да започнеме со овие настани, од денес почнува хуманитарниот турнир на кој има пријавено над 25 екипи со вкупно од 200 до 250 учесници, рече Столе Алексов, учесник на турнирот.
- Се собравме многу екипи од Кочани, Виница и од околните села, на некој начин преку спортот да покажеме дека на Даниел можеме да му помогнеме. Потрбените средства секако дека не можеме сами да ги собереме, но колку повеќе можеме би било подобро, рече Мартин Кировски, учесник на турнирот.
За хуманитрарната акција се објавени и телефонски броеви за донација преку трите мобилни оператори.
Митков е благодарен за иницијативата на неговите пријатели и на сите сограѓани за донираните средства.
- Ова е нешто многу големо за мене, благодарам на сите што дошле да ми помогнат, благодарам од срце на сите, рече Митков.
Акцијата за собирање на потребните средства на Даниел му се потребни за лекување во болницата “Ву медикал центар“ во Пекинг. Оперативниот зафат е веќе планиран и неопходно да се уплатат потребните средства за да може да се закаже терминот за операцијата.
Т. Ајтовски
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}