Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

parking maplata101.07.2014  Започна да важи одлуката за наплата на надоместок за паркирање на јавните паркинг простори во Кочани.

Работници на КЈП “Водовод“ ангажирани во новоформираната работна единица “Градски паркинг“ од денеска со мобилни фискални апарати започнаа да наплатуваат од возачите по 10 денари од час на определените паркинг места во центарот на градот. Возачите кои сакаат да се претплатат за цел месец ќе треба да платат 500 денари.

Со тоа отпочна примената на одлуката на локалната власт за која во јавноста се крена голема прашина. Граѓаните организираа и петиција со која се собраа околу 1.700 потписи, но Општината ја отфрли поради формално-правна недоследност.

Повеќето од возачите кои паркираа знаеја за одлуката за наплата за паркирање, а имаше и такви кои првпат се соочија со паркинг-редарите кои им бараа пари. Дисциплинирано сите плаќаа, иако главно имаа негативен став за одлуката на Локалната самоуправа.

- Да дојдеш 10 минути и да си одиш за 1 час - да, ама ако треба да си 10 часа на работа е многу пари... Тоа за нашиот буџет е многу убаво, мојата пензија од 6.000 денари не може да стигне ни за тоа.... Па, пет часа по 10 денари се 50 денари, за сиромав човек два леба се тоа... Ова го нема никаде, само во Кочани може да го има со ова раководство, рекоа граѓаните.

Одлуката за наплата за паркирање главно се оправдува со потребата за средување на хаосот во сообраќајот, посебно во централното градско подрачје.

- Целта е да не се злоупотребуваат паркинг местата од лица кои немаат потреба да бидат во централното градско подрачје, туку седат во Трговскиот центар, си уживаат и си пијат кафе, а тоа место е зафатено од сабајле до вечер. Никој не им брани да си пијат кафе, ама за таа сметка ќе си платат 10, 20, 30 или 50 денари, така што овозможено му е на секого да ги користи тие паркинг места, рече Иван Симеонов од КЈП “Водовод“.

За недисциплинираните возачи кои ќе платат помалку, а ќе паркираат повеќе или пак ако воопшто нема да платат, во “Водовод“ имаат ефикасно решение.

- Имаме набавено блокатори што се ставаат на предното лево тркало од возилото и на стаклото откај возачот се става налепница со известување на кое стои дека е поставен блокатор што го оневозможува возилото да се подигне без да се плати, додава Симеонов.

За почеток од Локалната самоуправа решија наплатата за паркирање да биде на пробен период од три месеци, а ако се покаже успешна да продолжи.

Со оглед што не се прифати мислењето на граѓаните искажано преку петицијата, најверојатно ќе нема никакви пречки платениот паркинг да им стане секојдневие на кочанци, што во иднина ќе го зголеми опфататот и на други јавни површини во централното градско подрачје.

T. Aјтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 127 гости и нема членови


web counter



qr code